Завршија првите два циклуси од Школата за млади политичари!
31.12.2018

Завршија првите два циклуси од Школата за млади политичари!

Успешно ги заокруживме првите два циклуси од Школата за млади политичари!

Институтот Охрид со големо задоволство објавува дека успешно беа завршени и двата циклуси на Школата за млади политичари. Оваа Школа беше уникатна во својот формат и првпат беше организирана во Македонија. Во текот на 8 недели, младите политичари од подмладоците во Република Македонија се стекнаа со вештини и знаења во различни теми како: политички идеологии, политичка култура, односи со јавност, лидерство, итн. 
По овие два успешни циклуси, Институтот Охрид продолжува со третиот циклус на Школата за млади политичари, а пријавите веќе се во тек и повикот ќе биде отворен до 15 јануари 2019 година. Не ја испуштајте можноста да се пријавите! (линк до формуларот за пријавување)