Фер Плеј-Турнир во мал фудбал.

Младите политичари ќе претставуваат симбол на различноста, а сепак на единство. Преку мешани тимови, односно тимови составени од играчи од различна партија, различна идеологија, религија и етникум кои заедно, со заеднички сили и преку заеднички дух и единство и пријателска конкуренција ќе играат за победа.

Институтот Охрид со овој турнир, заедно со младите политичари сака да ја потврди толеранцијата како столб на македонското општество и како вредност која не смее да се занемарува и да биде прекршувана. Со овој турнир, преку заедничката соработка на тимовите ќе се промовира пријателска конкуренција и фер игра. Насилството не е и не смее да биде решение за конфликтите и недоразбирањата.

Турнирот ќе биде симбол за напорот и работата која младите политичари ќе мора да ја направат и ќе биде метафора која ќе им ја пренесе пораката дека ако дадат заеднички напори, успехот на Република Македонија нема да изостане. Фудбалскиот турнир ќе биде чекор за оттргнување на предрасудите настрана, да се заборават стереотипите кои ги имаат еден за друг и да ја погледнат перспективата на Република Македонија од сосема поинаков агол, а преку неформалното здружување истата да ја пренесат на сите млади во Република Македонија.