Потпишување на Декларација за фер, слободни и демократски избори

Една од заедничките активности кои инситутот ги има со подмладоците на политичките партии е  „Декларацијата за фер и демократски избори„. 

Декларацијата за фер и демократски избори од своето прво потпишување за време на парламентарните избори во 2008 година стана незаменлива традиција помеѓу генерациите на младите политичари кои се дел до активностите на Инситут Охрид. Декларацијата потпишана од претседателите на политичките подмладоци претставува обврзувањена младите политичари да  ја покажат својата заложба за спроведување на слободни, фер и демократски избори и да поттикнуваат достоинствена и фер предизборна кампања, а воедно ќе ја искажат и својата решителност да се борат против говорот на омраза и да промовираат намалување и отстранување на говорот на омраза во македонското општество.
Потпишувањето Декларација пренесува  јасна порака до целата македонска јавност дека политичките подмладоци и младите луѓе кои се активни во политиката се зрели да учествуваат во сите процеси во државата и дека тие, како идни носители на одлуки, имаат силна волја и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура и да го издигнат политичкиот дијалог на повисоко ниво.