ЗА ИНСТИТУТОТ






 

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД како дел од NGO секторот е  дизајниран да обезбеди истражувања и анализа во политичката сфера како и креирањето на политики. Институтот се стреми да одржува добри односи со креаторите на политики со идеолошки предзнак обезбедувајќи политички дијалог помеѓу сите активни политички субјекти во Република Северна Македонија. Покрај својот придонес во политичката сфера,Институт Охрид својот придонес го дава и во останатите значајни општествени сфери, градејќи ги капацитетите на општествените субјекти, а при тоа   влијаејќи на целокупната општествена и социјална инклузија на поединците во земјата.

 

Цели на институтот

  • Да креира и спроведува квантитативни и квалитативни истражувања во различни општествени сфери.
  • Да соработува и да претставува мост на вмрежување помеѓу сите политички подмладоци во земјата.
  • Да организира тркалезни маси,интерактивни предавања, проекти од општествена корист.
  • Да го одржува и негува политичкиот дијалог помеѓу сите активни политички субјекти во земјата.
  • Да го охрабрува вмрежувањето и кооперативноста помеѓу други, слично орентирани институти во регионот и пошироко.
  • Да ги гради политилките капацитети кај младите политичари.
  • Да учествува во проекти и настани од голема  општествена вредност и корист.
  • Да соработува подеднакво со сите општествени субјекти и сфери.

 

Thanks to QuestionPro for providing us over 35 question types to choose from. The advanced question types help up collect deep insights.