Заокруживме уште два циклуси на Школата за млади политичари!
27.03.2019

Заокруживме уште два циклуси на Школата за млади политичари!

Институтот Охрид со гордост објавува дека заокруживме уште два циклуси на Школата за млади политичари!

Учесниците на Школата за млади политичари во изминатите 8 недели се запознаа со најразлични политички концепти и стекнаа знаења и вештини кои ќе им помогнат во развојот на нивната политичка кариера. Изминатите 8 недели беа одбележани со многу знаење, дебати, дискусии, прашања и одговори, создавање контакти, пријателства и развивање и негување на политички дијалог преку размена на искуства и различни светогледи. Институтот Охрид им честита на сите кои успешно ја завршија Школата за млади политичари и им посакува многу успех во понатамошната политичка кариера на сите учесници!