Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид од Скопје на сите заинтересирани млади луѓе им нуди ексклузивна програма за практиканство, која ќе им овозможи на сите заинтересирани можност да развијат лични и професионални вештини и искуство во различни области на делување, можност за контакти и работа со реномирани аналитичари и организации за понтамошно надградување во својата кариера. Во текот на програмата, практикантите ќе стекнат огромно искуство во реномиран Институт како и искуство во работа се експерти од соодветни области.

Програмата на Институтот Охрид претставува можност за работа во еден од водечките тинк – тенкови во Република Македонија каде се изработуваат најсовремени научни трудови во различни области поврзани со целите и мисијата на Институтот. Практиканството е непроценливо искуство за младите луѓе, и еден вид неопходност за сите дипломирани студенти. Работодавците од своите кандидати бараат „вистинско искуство“ во сферата на полето на дејствување, а стажирањето е еден од најдобрите начини  студентите да се здобијат со истото. Практикантите на Институтот Охрид ќе имаат можност да асистираат во работата на истражувачите, да бидат дел од организирањето на конференции, дебати, форуми, учествуваат на семинари во областите на политика, економија, право, филозофија, образованието итн.  

Оние што се заинтересирани да аплицираат за оваа програма треба да бидат студенти на до-дипломски или пост-дипломски студии со интерес во економијата, меѓународните студии, политиката, социологијата  и истражувањето. Како предност ќе се смета посебниот интерес во некој од проектите или програмските цели на Институтот ОХРИД. Одлично познавање на англиски јазик е задолжително.  Институтот ОХРИД од своето постоењеја започна оваа иницијатива досега ангажираше 6 стажанти, од кои четворица од Република Македонија и двајца од Универзитетот Пепердајн, Лос Анџелес, Калифорнија, САД (Pepperdine University) и од Универзитетот Лондон-школo за економија, Велика Британија (London School of Economics).Како да се пријавите

Заинтересираните студенти треба да испратат свое резиме (биографија) заедно со мотивационо писмо, објаснувајќи ги причините за нивното пријавување на програмата. Потребните документи треба да се испратат на e-mail: [email protected] или на ул. Васил Главинов бр.14 1-4 Скопје. Пријавувањето е отворено во текот на целата година.