14.11.2019
Институт Охрид во посета на Европскиот Парламент во Брисел
Во рамки на програмата „Young Balkan Leaders“, младите лидери од Македонија, Србија и Бугарија имаа чест да присуствуваат на сесија на Европскиот Парламент во Брисел.
Оваа посета беше можност за младите лидери да се запознаат подобро со работата на Европскиот парламент, како и да поразговараат со европратеници и амбасадори околу темата за евроинтеграција на Балканот.
Мошне сме благодарни и почестени од срдечниот пречек од господинот Андреј Ковачев и госпоѓата Жељана Зовко, европратеници во Парламентот, како и амбасадорките на Република Северна Македонија и Република Србија, госпоѓата Агнеза Руси и госпоѓата Ана Хрустановиќ.