Конкурс за ангажирање на проектен асистент
05.06.2018

Конкурс за ангажирање на проектен асистент

Конкурсот е отворен до 15.06.2018

KОНКУРС

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид, Скопје распишува конкурс за ангажирање на ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ.

Клучни работни обврски на позицијата се: 
- Да помага во работата на проектниот координатор во имплементација на активностите
- Да одржува постојана комуникација и соработка со надворешните соработници
- Да одржува комуникација со целните групи
- Да одржува документација, дата база и архивирање
- Да ги одржува социјалните медиуми и комуникациските алатки за обезбедување видливост на проекти
- Организација на работилници и тренинзи
- Да обезбедува логистичка поддршка за настаните кои треба да се организираат
- Евалуација и мониторирање на предвидените активности
- Собирање на понуди и отворање на тендерска документација
- Помагање при подготовка на релевантните документи за проекти
- Подготовка на листи на учесници, фотографирање, комуникација со надворешни учесници

Кандидатите треба да ги имаат следниве квалификации: 
– Високо образование;
– Работно искуство со проекти финансирани од меѓународни донатори во рамки на граѓанска организација или фондација и тоа најмалку 1 година
– Одлични познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, Powerpoint);
– Одлично познавање на англиски јазик, усна и писмена комуникација
– Одлични организациски вештини

Секој заинтересиран треба да поднесе:
1. Кратка биографија;
2. Писмо за мотивација
3. Препорака;

Вашите документи потребно е да ги испратите на следната електронска адреса: [email protected] најдоцна до 15.06.2018 година до 17:00 часот со наслов „Апликација за Проектен асистент“.

Само кандидатите/ките кои ги исполнуват критериумите ќе бидат повикани на интервју.

Со почит,

Институт за економски стратегии и меѓународни односи Охрид, Скопје